Десетици луѓе се ранети во пукањето врз учесници на протест на емигранти во Грција во средата вечер, пренесе грчката државна телевизија.
Инцидентот се случил во близина на селото Неа Манолада на Пелопонез. Околу 200 емигранти протестирале бидејќи не им биле исплатени парите како надомест за нивното ангажирање на собирање јагоди од плантажите веќе шест месеци.
Еден од локалните жители кој ги ангажирал странците, меѓу повеќето што излегле да ги пречекаат демонстрантите, отворил оган од ловечка пушка, се вели во извештајот.
Според телевизијата, погодени биле неколку десетици луѓе. Во локалната болница биле примени 32 лица, четири од нив се во критична состојба, а десет во тешка.
Во информацијата не се наведува дали напаѓачот е приведен.
Опозициските партии во Грција го осудија нападот, а Владата во Атина и во четвртокот сé уште не излезе со соопштение за инцидентот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција