| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатни бројки се вртат во Динамо Загреб, за 20 години 140 милиони евра од трансфери

zdravko mamic

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб за 20 години направил неверојатни 906 трансфери на фудбалери и во таа прилика заработил неверојатни 140 милиони евра.
Во периодот од 1996 до 2016 година за нови фудбалери потрошил нешто повеќе од 13 милиони евра, а довел во своите редови 449 играчи. Во спротивна насока или продажни трансфери остварил приход од 140 милиони евра за 457 фудбалери.
Ако на овие суми се додадат и средствата остварени од редовното учество во европските купови и телевизиските права, тогаш се доаѓа до вртоглави бројки со што го прават Динамо Загреб далеку најпрофитабилен клуб во регионот.

Досегашниот прв човек на клубот, Здравко Мамиќ кој си поднесе оставка по големите притисоци на јавноста и судовите во Хрватска, со ова докажува дека е вистински гуру за водење спортско друштво.
Сумата која ја оствари популарниот Мамињо во последните 20 години е баснословна за македонски услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top