-Поради огромниот интерес, закажан е втор концерт на Дуке и пријателите, за 21 февруари (недела) во „Метрополис арена“. Првиот концерт е распродаден, информираат од „Авалон“.
Билетите се веќе во продажба на сите продажни места на „Купи карти за сè“, како и преку интернет на www.kupikartizase.com. Со секој купен билет, следува подарок дивиди.
По успешното претставување во престижната концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк, ова е прв голем концертен проект на Дуке Бојаџиев, кулминација на сета негова досегашна концертна работа, зачинет со врвни музички гости, поезија и камерен оркестар. Тој ќе се претстави во малку поинакво издание од досегашните, заедно со неговите пријатели и соработници: виртуозот на гитара Влатко Стефановски, најголемата македонска ѕвезда Каролина Гочева, легендарниот актер Никола Ристановски, светски познатиот кларинетист Исмаил Лумановски, светски реномираната пејачка Тања Царовска и перкусионистите Матијас Кунзли и Костас Анастасијадис – сите придружувани од камерен оркестар, под диригентство на маестро Саша Николовски- Ѓумар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.