Бразилскиот фудбалер во редовите на Барселона се наоѓа во врвна форма и со негова помош каталонскиот гигант реди само успеси.
Сепак, тој се соочува со сериозни проблеми во приватниот живот, откако властите во татковина ја интензивираа постапката против него за затајување на данок.
Последните информации што доаѓаат од Бразил говорат дека федералниот суд на оваа земја веќе донел одлука за конфискување на имотот на Нејмар и неговото семејство, вреден над 40 милиони евра.
Меѓу другото, Нејмар ќе остане без својата луксузна јахта, како и без приватниот авион што го купи минатиот јули за сума од 8,5 милиони евра. Најдобриот бразилски фудбалер се почести со овој авион пред ланското издание на Копа Америка, веднаш по ова натпреварување со истиот авион ги одведе своите најблиски пријатели на луксузен викенд во Лас Вегас, но како што стојат работите, голгерот ќе остане без оваа своја „играчка“.
Покрај бразилската истрага против него, Нејмар се соочува со проблем и со шпанските власти, кои го обвинија за прикривање на данок преку лажирање на вистинската сума на трансферот со кој пристигна во Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.