Неофицијално, пожарот во центарот на Скопје е изгаснат. Во очекување на официјални информации од ПП Бригада- Скопје, пренесуваме информации од очевидци.
-Црн густ чад беше се што видовме. Пожарникари го изгасија за 5-10 минути- велат очевидци.
Овој период се изведуваат градежни работи на зградата.
Очевидците додаваат дека веројатно се запалила заштитната мрежа поставена околу градежното скеле.
Чадот се издигнуваше од страната на „Пелагонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.