| четврток, 6 декември 2018 |

Нема пензија за жените на 59 и за мажите на 61 година!

пензија

Ништо од надежта за пензионирање на помлади години за мажите и за жените. Имено, по информацијата што кружеше деновиве дека се подготвуваат законски измени на постојните решенија за остварување на правото на старосна пензија, со вметнување на можноста за пензионирање на жените на 59 и на мажите на 61 година, од Министерството за труд и за социјална политика ја отфрлаат оваа можност.

-Што се однесува на  иницијативата на Организацијата на работодавците на Македонија за воспоставување нови услови за остварување право на пензија за жените и за мажите, известуваме дека Министерството за труд и за социјална политика не подготвува измени на постојните законски решенија за остварување на  право на старосна пензија- информираат од оваа институција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top