Дунавка Трифуновска многумина ја окарактеризираа како големо „освежување“ на нашата ни домашна јавна сцена. Со недели се прераскажуваа нејзините настапи на интернационалниот избор за Мис гранд инетернешнл (сите вести околу тоа прочитајте ги тука), факт е дека оваа млада дама дефинитивно го одбележа крајот на 2015 година во Македонската јавна сцена.
Забава за широки јавни маси, експрес популарност преку „препукување“ на социјалните мрежи беа забава за целата македонска јавност .
Ја немаше некое време, можеби некои и ја заборавија но Дунавка денес се појави и тоа јавно го обелодени пејачот Александар Тарабунов на својот профил на Фејсбук.
-Ало трпете со Дунавка главни сме – напиша вечерва пејачот до споделената фотографија на која е со госпоѓицата Трифуновска.
Денес па по некоја случајност главна вест во српските медиуми беше мечката Гордна која не си ја видела сенката и поради тоа целиот ни северен сосед и тамошните таблоиди тагуваат затоа што тоа значело дека зимата уште не ги покажала своите заби.
Но за разлика од нив, во нашиот свет кој е појужен и има далеку поубави примери за предвестување на пролета која ја најави токму Дунавка. Нашата мис Дунвка излезе од својата „зимска пештера“ и по се изгледа ни најави одлична естрадна пролет.Што ќе ни се нас „Денот на дабарот“, и „Денот на Гордана“… , нас денес ни се јави Дунавка и за нас веќе нема зима!
*секоја споредба не е намерна ниту во лоша конотација, текстот е со шеговит карактер и не е злонамерен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.