Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, очигледно се обидува да се извади за случајот со незаконското приведување на градоначланикот на Пустец, Едмонд Темелко и ја префрли топката за случајот кај специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Одговарајќи на новинарско прашање „дали е вистина дека немало налог за приведување на Едмонд Темелко“, министерот за внатрешни работи истакна дека активностите кои се спроведуваат во однос на оперативната акција „Титаник“ ги води Специјалното јавно обвинителство и е постапено по нивна наредба.
– Сѐ што е преземено, е преземено врз основа на наредба на Специјалното јавно обвинителство – рече Спасовски.
Прашан зошто е приведен Темелко, а не и останатите осомничени, Спасовски повторно упати на одговор до СЈО бидејќи, како што посочи, тие ја водат оперативната акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.