Сѐ уште расте поддршката за единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, кој во петокот без судска наредба, а по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, беше уапсен за наводни изборни нерегуларности. По безрезервната поддршка од жителите на Пустец, Темелко доби поддршка и од народот во Македонија.
-Еден голем, голем поздрав за нашиот херој и се гордеам што имаме таков човек. Еден градоначалник што ги брани правата на Македонците во Албанија и ова сега што во моментов му се случува на Темелко е срам за Македонија, затоа што обвинителката, тоа што го направи е најголемиот срам за нашата Македонија. Сакам да му кажам дека ние, Македонците, со цело срце и душа го поддржуваме. Јас ќе го поддржам да поднесе тужба за човековите права во Стразбур. Ние Македонците ве поддржуваме и ако треба ќе направиме и една организација заедно со вас – изјави гледачка на емисијата „Ја сакам Македонија“ на ТВ „Сител“, во која утрово гостуваше Темелко.
-Поздрав до македонскиот херој во Албанија, Темелко. Сакам само да кажам дека намерата на Заев е да ги остави Македонците од Албанија без свој градоначалник, меѓутоа му пропадна идејата – рече друг гледач.
Само за потсетување, на градоначалникот на Пустец не му беше доделена мерка притвор откако Основниот суд Скопје 1 по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осумте лица лица, меѓу кои е и Темелко.
Тој за медиумите изјави дека истражната судијка донела правилна одлука според сите околности. Судот покажал дека не е против Македонците во соседството и конкретно Македонците од Албанија. Темелко порача дека не се туѓинци и секогаш ќе бидат нераскинлив дел од Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Социјалните мрежи вријат- Граѓаните до Заев: Предавник, капитулатор, лажго
-
За Шилегов граѓаните кои протеситрале кај Дрисла биле „примитивци“, а советниците во град Скопје „нелуѓе“
-
Маестро, ти пееше за да ја има, а тие брзаат неа да ја нема!
-
И јас сум Игор Дурловски – социјалните мрежи преполни со поддршка!