| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовка се самоубила фрлајќи се во Пена

Педесет и тригодишна жена од Тетово се самоубила фрлајќи се во тетовската река Пена, информираа од полицијата. С.И. од Тетово се фрлила од мостот кај хируршкото одделение во тетовската болница и се удавила во реката Пена.

Reka_Pena

Нејзиното тело било пронајдено и извадено од реката од страна на жители на бараките, околу 200 метри подолу од болницата, по што случајот бил пријавен во полиција.

На самото местото излегле полициска, екипа на Брза помош и територијалната противпожарна единица, како и истражен судија и јавен обвинител кои само можеле да ја констатираат смртта на жената.

Според неофицијални информации, таа подолго време се лекувала од психички болести и врз нејзиното тело нема да се врши обдукција, туку ќе биде предадено на семејството за погребување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top