Се огласи и Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Појавата не беше изненадување бидејќи Зоран Заев, обвинето лице на привремена работа шеф на СДСМ, го најави настапот неколку пати претходно. Како што е ред.
Уште лани пред Нова година најави дека првите резултати на СЈО и Катица Јанева треба да се очекуваат пред март, и дека ќе се однесуваат на изборите. Што е логично, изборите се на 24 април и треба некој да заврши работа за СДСМ кој пред тие избори стои лошо, уште полошо отколку пред минатите кои убедливо ги загуби.
Во меѓувреме Катица му го ослободи од притвор дилерот на телефонски разговори Верушевски за потоа Заев да објави дека немал 600.000 прислушувани разговори, туку по излегувањето на Верушевски од притвор бројката се качила на еден милион.
Потоа, душа ситна не издржа, цел јануари заклучно до пред некој ден, Заев најавува кој и за што ќе биде гонет од СЈО, како да и е ортак на Катица, а не обвинет. Тоа е појако од него.
Тој е единствен од политичарите со високи амбиции кој е амнестиран за криминал од осум милиони евра, има две обвиненија, а плус е сомнителен и за соработка со криминалот на фалсификаторот Чауш.
А има и една дополнителна фаза која ќе следи наскоро, допрва: учеството на Заев и Оливер Спасовски во набавката и намената на околу 80 панцири кои се најдени кај Чауш, и кои имаат директна врска со акцијата на терористите во кумановско Диво Насеље.
Патем, Катица Јанева заглави во афери. За кратко време се извалка до гуша.
Се испокара и јавно ги навредуваше колегите обвинители од Основното јавно обвинителство, им држи предавања и ги омаловажува судиите, а со новинарите се однесува како да е залутана во јавниот живот. Падната од Марс.
Создаде амбиент во кој е исмевана, се мајтапат со неа и ја гледаат како потрчко на Зоран Заев и дипломатите кои, замисли, и дојдоа колективно на роденден. Мораа, бидејќи ниту еден колега од Обвинителството и судот не и дошол. Да не пропадне софрата.
Катица е ситен играч. Тамаќар што би рекле скопјани.
Замисли, прво што и паднало на памет е да прави комбинации како да ќари мимо ред и пропис 500 евра од државата да и плаќа кирија додека е во Скопје. Има два стана кои брзопотезно ги префрла на име на децата за да биде бездомна, и да ја земе киријата од државата. Што да ти кажам, мизерија.
Или можеби имала план да се смести во еден од становите на Радмила Шеќеринска која, истите, ги издава за кирија од 5.000 евра месечно, па да има благодет и фајде за двете.
Катица не губела време, па му направила договори тезга на синот. Детето прима 3.000 евра од скандинавска невладина организација да ги брои бегалците на граница. Прилично сложена работа за така висока плата, плус за дете кое е почетник.
За цело време, додека ги бркала парите, становите, кириите, тезгите за синот, бирала нови фризури и асамблеа Катица немала време за работа. А и не морала. Работата за неа ја вршеле од СДСМ, соросоидите и нивните инострани партнери. Таа треба само да ги соопшти на прес-конференции.
А на пресовите не се снаоѓа. Се кези и понаша како старосватица на туѓа свадба. За да го елиминираат тој блам, почнаа да и пишуваат соопштенија кои таа ги потпишува.
И тоа не го бидна.
Жената има потреба да си каже. Па така на нејзиниот Фејсбук во секоја прилика ја оплескува институцијата која ја води. Отиде до таму што повикуваше на протести против еврокомесарот Хан. Субјективен бил. Плус, според нејзините соросоиди, примил пет милиони евра од ВМРО за да им ја држи страната.
Чудно е што Катица и СЈО не подигнаа случај и бараа обвинение и притвор и за еврокомесарот Хан. Пет милиони евра мито не е играчка. Иако е многу помалку од осумте милиони евра кои ги проневерил Заев за Глобал, па е амнестиран.
Колку и да ја кријат од јавноста, да ја пеглаат и дополнуваат, архитектите на проектот за спас на Заев и бандата му за Катица и него не можат да најдат решение. Се работи за интелектуални и стручни лимити и карактерни нестабилности. Генетика.
Прибидејќи Катица пукна како пренадуван балон, следува нејзина смена.Првата прес-конференција на СЈО деновиве го почна тој процес.
Се појави Катица Јанева на пресот Титаник. Со нова фризура и видно посмирена и поскапа гардероба од порано. Барем се виде каде одат парите на граѓаните. Со четири милиони евра личен буџет и Шекеринска за советник, не е проблем тоа да се потроши по фризери и бутици. Шетањата по метрополите низ Европа допрва следат.
Архитектите на проектот ја тргаат Катица од јавната сцена, и на нејзино место туркаат две други госпоѓи: обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.
Двете се од Тетово, иако додуша Фатиме Фетаи е од село Неготино, Тетовско. Тие во иднина треба да бидат лицата на СЈО, а Катица Јанева ќе шета наоколу и ќе тагува по кафани и забави. Седна на клупата за резерви после првата акција на теренот.
Двете нови госпоѓи од СЈО објавија дека фатиле политичари и судии во изборни дубари. Настапот беше драматичен и холивудски. Ист како оној кога Љубе Бошкоски и Сашо Станинов фатија нива со марихуана во Петровец. И во двата случаи се покажа дека се работело само за потреба да се сликаат пред камери. Да ги видат роднините и пријателите колку се важни и моќни, а се друго било пуфка. Празни муабети.
Морам да кажам дека обвинителката Ленче Ристоска и мене ме бендиса. Паметно изгледа, спастрена и убава. Имперсиониран сум од неа.
Вчера седев со мојата адвокатка Анита во Уранија и барав начин да и пратам 25 ружи за Свети Валентајн, но се испостави дека во недела Ленче не е на работа, па планот се одложи за некоја следна прилика.
Фатиме Фетаи ја нема таа естетика и рафинман. Таа изгледа како маалска сировина, Мортиша од Адамс фемили, или уште повеќе по лика и прилика е близнак на Круела Де Вил од 101 Далматинец. До толку е во грч и спазми што заканите од нејзините зборови наместо плашење народ повеќе предизвикуваат сожалување за нејзината инфериорност и потребата да го сокрие маалскиот, селскиот сиров материјал да го прикаже како одлучност и моќ.
Госпоѓо, Скопје очекува повеќе за тие пари што ги примате.
Доказ за тоа се и кривичните пријави кои сослушувани лица, помеѓу кои и судија, и ги поднеле на Фатиме Фетаи за закани, уцени и малтертирање при сослушувањето.
Судиите и лекарите се најсолидарни професии. Се бранат еден со друг дури кога се скарани меѓусебно. Малтеритање судии со закани по паркинзи несомнено ќе донесе до дополинтелна омраза на обвинителите и судиите кон СЈО, Катица и Фатиме. Ако денес еден судија биде суден и осуден за легална пресуда, се знае што ги чека другите судии.
За заебот да биде комплетен, Фатиме го уапси без судски налог Едмонд Темелко, икона на македонскиот национален идентитет, и во Албанија и тука. Кога покрај толку спецобвинители Македонци некој ја наместил токму Фатиме да покажува таква бруталност и беззаконие кон икона на Македонците, тоа не оди на добро.
Гревот на Едмонд Темелко е што агитирал за ВМРО-ДПМНЕ, а гревот на граѓаните од Пустец со македонски пасош е што гласале за таа партија. Тоа е политичко обвинение.
Ако право на глас имаат Македонците кои, од разни причини, земале бугарски пасоши, кој смее да им забрани на Македонците од Албанија со македонски пасош да гласаат во својата матична држава. Да гласаат за кого сакаат.
Слушам Мортиша се интересирала и за мене, и моето работење. Пуштала документи од СЈО по порталите на соросидите, за да ме заплаши секако.
Јас нејзиниот двојник Круела сум ја гледал со син ми, и колку да знае тоа се филмови за деца.
Ако морам да паднам во нечии раце, последна желба ми е да паднам во рацете на Ленче Ристеска. Некако ми личи тоа, а и задоволството би било обострано.
Колумна Понеделнички на Драган Павловиќ Латас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.