Најновите истражувачки студии, кои ги објави меѓународен тим на научници, покажуваат дека 5,5 милиони луѓе годишно умираат поради загадувањето на воздухот. Поголемиот број на такви смртни случаи се од земјите каде економијата се развива брзо, како што се Кина и Индија. Главниот виновник за тоа е емисија на штетни честички од електраните и фабриките, издувните гасови од возилата и од палењето на јаглен и дрва.
– Во Пекинг или Њу Делхи во еден ден на големо загадување, може бројот на ситните честички, познати како ПМ2,5, може да биде поголем и од 300 микрограми на кубен метар. Дозволена загаденост е околу 25 или 30 микрограми на кубен метар, објасни еден од научниците од истражувачкиот тим, Ден Гринбаум, од институтот од Бостон.
Вдишувањето на честичките може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, мозочни удари, респираторни проблеми, па дури и карцином.
Според направената студија, загадувањето на воздухот предизвикува повеќе смртни случаи од другите ризични фактори како што се неухранетост, дебелина, алкохол, дрога или сексуални односи без заштита.
Затоа, загадувањето на воздухот се става на четврто место на најголеми ризици, веднаш зад висок крвен притисок, диететски ризик и пушење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.