Раководството на Пари сен Жермен не покажа милост кон Серж Орие суспендирајќи го дефанзивецот на неодредено време по скандалозните изјави што тој ги даде во интервју за емисијата „Перископ“ на француската телевизија „Канал плус“. Во период во кој ПСЖ гази се пред себе во Франција, а непосредно пред осминафиналето од ЛШ против Челси, Орие даде шокантни изјави упатувајќи директни навреди кон дел од своите соиграчи, најмногу кон тренерот Блан, капитенот Златан Ибрахимовиќ и неговиот конкурент за место во тимот, Грегори Ван дер Вил.
– Серж Орие е суспендиран на неопределено време. Тој денеска не тренираше со тимот, ниту ќе биде дел од екипата на следниот меч од ЛШ против Челси. Дополнително ќе биде решени дали и кога тој ќе му биде на располагање на стручниот штаб – објави раководството на ПСЖ, кое според непотврдените информации не ја отфрла можноста и за раскин на договорот со недисциплинираниот фудбалер.
Орие рано утрово бил повикан на разговор од страна на челниците на клубот, а негова прва одбрана е дека всушност станува збор за монтиран материјал од негови изјави дадени уште пред еден месец. Тоа експресно паднало во вода, бидејќи Орие “заборавил“ дека во интервјуто говорел и каде ќе го мине „Валентајн“, а дал и свое мислење за голот на Заза на италијанското дерби Јувентус – Наполи што се играше синоќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал