| четврток, 6 декември 2018 |

Висок играч победи во натпревар резервиран за бекови (видео)

karl entoni

Кога во 2003 година на НБА Олстар викендите дебитираше натпреварувањето во вештини со водење топка, замислата беше тоа да биде натпревар на плејмејкерите и играчите на бековски позиции, кои се всушност највешти во тоа. Така беше до годинашниот собир во Торонто, кога доминираа асови како Џејсон Кид, Стив Неш, Двејн Вејд, Тони Паркер… И оваа година се појави крилниот центар на Минесота, Карл Ентони Таунс, кој е првиот „висок играч“ со 213 сантиметри кој им одржа лекција на пониските колеги.

Карл Ентони заблеска синоќа и покажа дека и високите играчи одлично се снаоѓаат во водењето на топката. Во финалето го победи Ајзеа Томас од Бостон, кој беше фаворит. Нивната финална пресметка беше и тоа како интересна, бидејќи беа израмнети до последниот шут за три поени а по неколку обиди, асот на Минесота прв погоди тројка и победи на општо воодушевување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top