Саудиска Арабија ќе испрати борбени авиони, а можеби и копнени сили, во воздухопловната база Инџирлик, на југот од Турција, изјави во саботата турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
И покрај зголемените меѓународни напори на светските сили за зацврстување на напорите зацврстување на договорот за делумно примирја во Сирија, Саудиска Арабија ја истакнува својата подготвеност да интервенира во сириската војна со копнени војски, на што владата во Дамаск предупреди дека тоа ќе се смета за странска инвазија и ќе одговори со сите расположливи средства против нарушувањето на сирискиот суверенитет.
Американските воздухопловни сили, инаку, ја користат турската воздухопловна база Инџирлик за своите операции во Сирија и во Ирак. Турција по долготрајни преговори и притисок на Вашингтон, минатата година го дозволи користењето на нејзината база, која има стратешка позиција близу сириската граница.
За точниот обем на секој можен воен ангажман на Саудиска Арабија допрва да се одлучува, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за локалните медиуми во авионот на враќањето од Минхенската безбедносна конференција. Чавушоглу, исто така, брифирал дека Анкара ќе настојува да ги обнови односите и со Обединетите Арапски Емирати.
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер во петокот изјави дека Емиратите се подготвени повторно да се вклучат во воената кампања“ против Исламската држава и ја нагласи „клучната улога“ на ОАЕ и на Саудиска Арабија, двете земји во кои е практикува вахабистикиот ислам
Додаде дека специјалните сили од земјите во Персискиот залив би требало да им помогнат на „локалните сили“ (сунитските вооружени опозициски групи кои Западот ги смета за „умерени“ – з.р.) да ја заземат покраината Рака и истоимениот град кој е дефакто престолнина на „калифатот“ на џихадистичката организација која ги поврзува териториите кои ги контролира во Сирија и во Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.