| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Москва поради дојави за бомби: Евакуирани четири трговски центри

Руската полиција денеска спроведе евакуација на присутините во два големи трговски центри во Москва, поради добиени дојави за поставени бомби во објектите, јави ТАСС.

– Евакуирани се купувачите и вработените во шопинг центрите „Афимал Сити“ и „Атриум“, кои се наоѓаат во центарот на градот, поради дојави за бомби, изјави полициски извор за руската агенција.

Полицијата засега не ги коментираше ваквите инфомации.

Претходно, руските медиуми јавија дека била спроведена евакуација и на трговскиот центар „Мега Вајт Дача“ во едно од предградијата на Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top