Основниот суд на прес-конференција потврди дека СЈО Катица Јанева преку министерot Оливер Спасовски на своја рака одлучиле насилно да го приведуваат единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.
И самиот Темелко, во изјава за медиумите рече дека неговото приведување било без судски налог и без никакви прописи и го потенцира лошото однесување на новоназначениот началник на битолската полиција.
– Без налог на Судот, без никакви прописи. Лошо однесување на началникот на полицијата од Битола, новиот што е ставен од опозицјата, се со цел да покаже некаква сила или да имам јас некаква реакција. Уште на почетокот им кажав дека ако мислат оти нешто ќе ме исплашат или ќе ме нетераат спортивно од тоа што е реално да кажам, нема да го добијат тоа. После во Основниот суд беше се коректно, истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности – вели Темелко.
Градоначалникот на општината Пустец на албанската политичка сцена стана синоним за отпор во истрајноста и борбата за заштита на правата на Македонците во Албанија. Едмонд Темелко поради ангажирањето за македонското прашање ги доби и симпатиите во регионални рамки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелација му го врати пасошот на Едмонд Темелко
-
Пуштањето на Темелко од Шутка е заедничка победа: Следната недела голем протест на ВМРО – ДПМНЕ против сите неправди
-
Нечовечки однос на власта: Продолжен притворот на Едмонд Темелко за уште 30 дена
-
Светскиот Македонски Конгрес со осуда до СЈО: Бараме безусловно помилување за Едмонд Темелко


