Чија креација се бомбите е главното прашање кое ги интересира граѓаните, смета политичкиот аналитичар Александар Пандов.
-Главното прашање на секој гледач најаполитичниот и најпартиски одредениот е кој тоа го направил во Македонија? Дали тоа што го тврдеше Заев на неговата прес- конференција со сите наративи и воведи во тие бомби и подоцна дека тоа го правеле Мијалков и Груевски или од друга страна како што тврдеше Груевски дека тоа го имаат направено Зоран Верушевски со помош на странски служби и Зоран Заев? Ние досега од она обвинителство македонско на Зврлевски, јас како такво го гледам, имаме осуден човек со признание, не под сила туку со негово признание, во кое најјасно посочува дека за пари тоа го има правено за Зоран Верушевски и истиот тој Верушевски по негови сознанија тие материјали ги има давано на странски служби. Каде се вмешува Зоран Заев подоцна ќе открие истрагата. Тоа е главното нешто на кое што треба Катица Јанева да даде одговор, но тоа не го прави. Во интерес на политички поени на СДСМ она политички осудува раководство на политичка партија- вели Пандов во дебатата на ТВ НОВА.
Имаме цврсти докази рече Пандов, за чадори, за странска соработка, за заштитен фактор, за Чауш… и уште еднаш потенцираше дека Катица Јанева треба да одговори дали е се така како што тврдеше Зоран Заев.
-Јанева во цела оваа постапка ја ослободува Соња Верушевска, сопругата на Зоран Верушевски, него го ослободува од притвор, а имаше пишано и дека Верушевски сакал да бега, Зоран Заев викаше дека ќе му купел кола за да можел да избега од земјава. Во писмото кое своерачно е напишано од Заев стои дека странски премиер стои зад нив и дека барале виза за Верушевски. До каде е тој предмет не даде одговор, а тоа според мене е основното и клучното што ги интересира сите, додаде Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.