| четврток, 6 декември 2018 |

Јануари потопол од просечното, ама имало трипати повеќе врнежи

Температурата во јануари просечно била повисока од многугодишните просеци за јануари, а врнежите во рамки на просечните вредности, освен во Струмица, Охрид, Крива Паланка и во Маврово каде што биле повисоки до три пати. Најниската температура е регистрирана меѓу 17 и 26 јануари во Берово од -21,8 степени, а најмногу дожд паднал во Маврово.

vreme-dozd

Според информацијата на УХМР средната месечна темпертура во на воздухот во јануари се движела од -1,5 во Маврово до 4,7 степени во Гевгелија. Просечната температура е повисока за 0,1 во Берово до 2,4 степени во Битола. Средната минимална температура во јануари се движела од -6,6 во Маврово до 0 степени во Гевгелија. Освен во Берово и во Крива Паланка, на сите мерни места средната минимална и максимална температура е повисока од многугодишните просечни вредности.

Особено ниска температура е забележана на почетокот на јануари и на 24 јануари. Најниската температура е регистрирана во Берово -21,8 степени, во Маврово -17,4, во Крива Паланка -15,6 степени, во Битола -14,6 степени, во Штип -13,2 степени, во Прилеп -12,7, во Струмица и Демир Капија -12,1, во Скопје -10,9, во Охрид -10 и во Гевгелија -9,4 степени. Измерената минимална температура на воздухот во јануари не го надминува досега измерениот екстрем за овој месец.

Најмногу врнежи од 266 мм имало во Маврово, во Охрид 158 и во Крива Паланка 94 мм. Најголеми дневни количества врнежи дожд се забележани на 7 јануари, а на 17 јануари од дожд и снег. Од 15 до 30 јануари во земјава е регистрирана снежна покривка чија максимална висина била на 17 јануари. Во Маврово се регистрирани 46 сантиметри, 25 во Берово, 13 во Битола, 10 во Штип и Крива Паланка, 9 во Струмица, 8 во Охрид и 6 во Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top