| четврток, 6 декември 2018 |

Радица Грубовиќ стана мајка

12512714_10208090296311796_7229762562638389653_n

Поранешната водителка и модел, а денес специјалист – трансфузиолог, д-р Радица Грубовиќ денеска се породи во скопската болница „Аџибадем Систина“.

На почетокот на годината, сестрата на Натали Грубовиќ се венча со познатиот руски ракометен репрезентативец Алексеј Растворцев, кој е дел од РК Војводина.

Брачната двојка утрово ја пречека на свет нивната прва ќерка.

Радица и Алексеј се запознале пред две години, на отворањето на салата „Јане Сандански” во Скопје, а само три месеци по запознавањето, почнале да живеат заедно.

11659265_10206716861176776_4088243414279498572_n

По завршувањето на активната играчка кариера на Алексеј, планираат да живеат во Македонија.

10440229_10207947672306285_3188432080448629030_n

 

Радица, поради бременоста ја ставила својата кариера во мирување. Освен како специјалист трансфузиолог, таа е и потпретседател на Македонското здружение на трансфузиолози, асистент на Медицинскиот факултет во Скопје и раководител на Центарот за земање на матични клетки при институтот за трансфузиона медицина на Македонија, а во завршна фаза е и изработката на нејзината докторска дисертација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top