
Поранешната водителка и модел, а денес специјалист – трансфузиолог, д-р Радица Грубовиќ денеска се породи во скопската болница „Аџибадем Систина“.
На почетокот на годината, сестрата на Натали Грубовиќ се венча со познатиот руски ракометен репрезентативец Алексеј Растворцев, кој е дел од РК Војводина.
Брачната двојка утрово ја пречека на свет нивната прва ќерка.
Радица и Алексеј се запознале пред две години, на отворањето на салата „Јане Сандански” во Скопје, а само три месеци по запознавањето, почнале да живеат заедно.

По завршувањето на активната играчка кариера на Алексеј, планираат да живеат во Македонија.

Радица, поради бременоста ја ставила својата кариера во мирување. Освен како специјалист трансфузиолог, таа е и потпретседател на Македонското здружение на трансфузиолози, асистент на Медицинскиот факултет во Скопје и раководител на Центарот за земање на матични клетки при институтот за трансфузиона медицина на Македонија, а во завршна фаза е и изработката на нејзината докторска дисертација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


