Унгарците се одушевени од новите порнофотографии (погледнете ги тука) од Дара Бубамара, кои беа објавени пред неколку дена.
Продуцентите на филмови за возрасни од Будимпешта ја убедуваат пејачката да ја покаже својата сексуална вештина пред камерите. Унгарците ѝ нудат на фолкерката 50.000 евра за да сними порнофилм.
Една агенција од Будимпешта ѝ нуди на Дара Бубамара сама да го одбере партнерот со кој би снимила порнофилм. По тој повод Дара го навела следново: „Не сакам да зборувам за понудата што ми ја дадоа Унгарците. На луѓето им е преку глава да гледаат мои фотографии, а не да гледаат порнофилм во кој јас би била главна актерка. Ова е целосен напад врз мојата личност – врескала Дара, но набрзо ја смирила топката, пишуваат регионалните медиуми.
-Па што ако ме бараа Унгарците по тој повод? Му благодарам на Господ, понуди ми стигаат од сите страни. Популарна сум веќе 20 години, имам закажани концерти до крајот на јули. Уште попопуларна и побарана сум откако почнаа овие афери. Злобните луѓе не ми можат ништо! Ми нудат огромни пари за да се појавам во некакви реални програми, а да не зборувам за вакви понуди. Но да бидам искрена никој ги нема тие пари за кои би прифатила да снимам порнофилм – изјавила Дара, која признала дека сака да гледа порнофилмови.
-Порнофилмовите не ги гледам сама. Јас и мојот сопруг ги гледаме заедно. Моја среќа е што имам добар сопруг, кој знае дека намерно ми местат афери и дека немам никаква врска со фудбалерите. Сопругот знае дека тие фотографии ми се украдени – објаснила фолкерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.