| четврток, 6 декември 2018 |

Овие ѕвезди ги имаат најдолгите бракови на српската естрада (фото)

Приказните за кусите љубовни афери и брачните неверства на познатите личности се почести од оние љубовни заедници кои му пркосат на времето, особено ако брачните партнери се занимаваат со иста професија.

Во време кога бракот е разнишан како институција, овие брачни двојки се вистински пример за хармонија.

thoroughly-modern-marriage-02

Милена Дравиќ и Драган Николиќ

Актерката Милена Дравиќ (75) и актерот Драган Николиќ (72) ги споил филмот „Хороскоп“ во 1969 година, а две години подоцна се венчале. Нивниот брак трае повеќе од 40 години.

Покрај тоа што се како создадени еден за друг, тие покажаа дека се и одлични професионални партнери во нивното познато шоу „Образ уз образ“, кое се емитуваше две години.

586989_parovi-02foto-emil-conkic_f

Биљана Јевтиќ и Александар Илиќ

Првата средна на Биљана Јевтиќ, 52, и Александар Илиќ, 51, се случила на едно натпреварување на пејачи на народна музика 1981 година. Тие започнале да се забавуваат во 1986 година кога Александар гостувал на турнејата на Биља.

Нивниот хармоничен брак веќе години наназад е пример за сите, а круна на љубовта им е синот Иван.

586990_parovi-03ras-foto-zoran-ilic_f

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ

Слобода Миќаловиќ (33) и Војин Ќетковиќ (43) се едни од најсложните парови од светот на глумата. Нивниот семеен живот го заокружија во 2010 година кога ги добија близначките Вера и Мила.

438743_sloboda-i-vojin-02rasfoto-vesna-lalic_ff

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top