Извор Живковиќ е веќе неколку години пријател и менаџер на Канје Вест.
Извор во Америка и Англија го викаат Изи. Тој е музички продуцент и менаџер. Иако сите негови профили на социјалните мрежи се заклучени , дојдовме до информации дека тој има американско државјанство, дека е музички продуцент и е оженет со англиска дизајнерка Луиз Голдин (на фотографијата лево е Извор, а до него е Луиз).
Иако во 2014 година беше објавено дека со кариерата на Канје ќе управува компанијата на Џеј Зи „Рок Нешн“, Извор паралелно продолжил да му биде менаџер.
Не е лесно да се управува со кариера на музичар кој има его каков што е она на Канје, но и тоа некој мора да го работи. Живковиќ е сопственик на компанијата „Сплит Медија“ и иако се шпекулираше дека Каније пред неколку години му дал отказ, тој останал во неговиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.