| четврток, 6 декември 2018 |

За К-15 во јавниот сектор ќе се преговара по изборите

ссм

Од 10 до 15 проценти од компаниите не ја исполниле законската обврска и на работниците не им исплатиле регрес за годишен одмор, познат како К-15, покажуваат анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Сакам да укажам на фактот дека ССМ успеа да го задржи ова право да биде задолжително, а таму каде што имаше проблеми заедно со синдикатите се утврдуваше дали тие проблеми се реални, кои во одредени гранкови синдикати придонесоа да дојде и до намалување на висината на регресот за годишен одмор. Но морам да ви кажам дека тоа беше исклучително мал број претпријатија – изјави денеска претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митрески посочи дека е предвидена затворска казна од шест месеци до една година доколку работодавецот не исплати регрес за годишен одмор или доколку го исплати, а потоа побара од работникот да го врати назад.

– Имаме регистрирани случаи кај неколку работодавци, кои вршеле ваков притисок, но заедно со гранковите синдикати овозможиле да се вклучиме во посредувањата. Четирите случаи, кои беа благодарение на нашата интервенција, се реализирани – рече Митревски.

Тој најави дека преговорите за К-15 во јавниот сектор ќе почнат веднаш штом биде формирана нова влада по изборите.

Инаку, ССМ почнува со реализација на проектот за сигурни работни места, која ќе се реализира со низа мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top