Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција може да ги отвори границите за преминување на сириски бегалци во Европа.
-Ги запиравме автобусите со мигранти. Го правиме тоа еднаш, два пати. Потоа ќе ги отвориме границите и ќе кажеме, пријатен пат- нагласи Ердоган.
Во врска со ветувањето од Европската унија да и даде на Турција три милијарди евра, тој наведе дека државата досега потрошила многу повеќе отколку што нуди Унијата. Постои можност за доаѓање на нов бран бегалци од 600.000 луѓе доколку продолжат воздушните напади. Се подготвуваме за тоа, рече турскиот претседател.
Во Турција моментно има околу 2,6 милиони бегалци од Сирија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.