| четврток, 6 декември 2018 |

Христина Деспотовска: Колекција за жена што знае што сака

На Модниот викенд во Скопје, кој заврши на 14 април, таа го промовираше својот бренд „Деспот“, во кој ја покажа же­на­та та­ка ка­ко што ја гле­да: женс­тве­на, еле­гант­на, енер­гич­на и хра­бра

Ре­ви­ја­та на Хри­сти­на Дес­по­тов­ска на „Мод­на­та не­де­ла“ во Скоп­је, ко­ја за­вр­шу­ва в не­де­ла, из­ма­ми воз­ди­шки кај при­сут­ни­те, кои ко­мен­ти­ра де­ка неј­зи­ни­те мо­де­ли се оли­це­тво­ре­ние на про­фи­лот на тоа што де­нес тре­ба да прет­ста­ву­ва ед­на ви­стин­ска же­на – женс­тве­на, еле­гант­на, но и хра­бра, енер­гич­на и отво­ре­на кон но­ви пре­диз­ви­ци. Во неј­зи­на­та ко­лек­ци­ја мо­же да се про­нај­де се­ко­ја же­на и де­вој­ка. Во ко­лек­ци­ја­та до­ми­ни­раа сил­ни бои – зе­ле­на, цик­ла­ма, цр­ве­на, кои са­каа да ка­жат „Про­лет­та при­стиг­на“.

hristina-despotovska35

Ви­стин­ско ужи­ва­ње бе­ше да се сле­ди ре­ви­ја­та на Дес­по­тов­ска, ко­ја ја про­мо­ви­ра­ше и сво­ја­та мар­ка „Дес­пот“, отка­ко 11 го­ди­ни ра­бо­те­ше за мод­на­та ку­ќа „Ка­ра“ ка­ко глав­на ди­зај­нер­ка.

hristina-despotovska32

– Јас сум пре­за­до­вол­на од мо­ја­та пре­зен­та­ци­ја на „Мод­на­та не­де­ла“ во Скоп­је и по­крај кра­тко­то вре­ме и по­крај си­те не­до­ста­то­ци во ор­га­ни­за­ци­ја­та. Среќ­на сум за­тоа што го по­стиг­нав за­мис­ле­но­то – ве­ли Дес­по­тов­ска.

hristina-despotovska30

Таа ужи­ва во се­кој мо­мент од ди­зај­ни­ра­ње­то.

– Го са­кам це­ли­от про­цес, од иде­ја до ре­а­ли­за­ци­ја. Ја са­кам и са­ма­та пре­зен­та­ци­ја на са­ми­от ди­зајн. Да ѝ да­деш жи­вот на иде­ја­та, тоа е мо­јот жи­вот. Не мо­жам да изд­во­јам по­се­бен дел. Имам тр­пе­ние бу­квал­но за се­кој мо­мент од соз­да­ва­ње­то и го са­кам на по­се­бен на­чин – рас­ка­жу­ва Дес­по­тов­ска.

hristina-despotovska23

Таа ве­ру­ва де­ка се­ко­ја же­на, по­себ­но ма­ке­дон­ска­та, мо­же да се про­нај­де во неј­зи­ни­те кре­а­ции.

hristina-despotovska20

– Јас соз­да­вам ту­ка, ра­бо­там за Ма­ке­до­ни­ја, жи­ве­ам во оваа др­жа­ва. Ко­лек­ци­ја­та ми е на­ме­не­та за тој тип де­вој­ка или же­на што знае што са­ка, знае да се но­си се­бе­си во сопс­тве­но­то те­ло, са­ка да би­де среќ­на и да изг­ле­да та­ка. Оваа ко­лек­ци­ја е за таа што не се пла­ши од пре­диз­ви­ци­те на се­кој на­ре­ден че­кор – рас­ка­жу­ва кре­а­тор­ка­та.

hristina-despotovska18

Таа ка­ри­е­ра­та ја поч­на ка­ко гла­вен дизј­нер во „Ка­ра“ ка­де што бе­ше, бу­квал­но, од са­ми­от по­че­ток.

–  Тоа што го ра­бо­тев та­му ма­кси­мал­но ме на­пол­ни со зна­е­ње. Да ра­бо­тиш за мар­ка, по­себ­но за мар­ка што 11 го­ди­ни бе­ше во­деч­ка не са­мо кај нас, ту­ку и над­вор од гра­ни­ци­те, да ја одр­жу­ваш во жи­вот се­ко­гаш но­ва и раз­лич­на, мно­гу ми зна­чи во мо­јот про­фе­си­о­на­лен и при­ва­тен жи­вот. „Ка­ра“ ми бе­ше ка­ко де­те што го рас­тев, а и јас рас­тев и се ка­ле­мев со не­го – ве­ли Дес­по­тов­ска. Таа е убе­де­на де­ка не по­стои де­вој­ка и же­на во Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ба­рем ед­наш не влег­ла во нив­ни­от ду­ќан и не ку­пи­ла пар­че об­ле­ка од таа мар­ка.

hristina-despotovska16

За Дес­по­тов­ска, ди­зај­ни­ра­ње­то и соз­да­ва­ње­то уба­ви не­шта е дел од неа.

– Во мо­мен­тов ра­бо­там на ди­зај­нот на два хо­те­ла во Скоп­је и во Охрид. Два­та об­је­кта се иста мар­ка, но со­се­ма се раз­лич­ни во сво­и­те при­каз­ни. Ед­ни­от ве­ќе ги из­не­на­ди си­те тие што  пре­сто­ју­ва­ат во не­го, а дру­ги­от, кој се­га се ра­бо­ти во Охрид, ќе би­де по­себ­но до­жи­ву­ва­ње за се­кој што ќе пре­сто­ју­ва на езе­ро­то – ја за­вр­шу­ва сво­ја­та при­каз­на Дес­по­тов­ска.

hristina-despotovska14

hristina-despotovska01

hristina-despotovska03

Александра Мазнева-Бундалевска

фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top