Не секој има среќа да личи (или не) на своите родители, баш како што не секој знае како да ги искористи милионите за да го подобри својот изглед.
Ова се деца на познатите од Холивуд, кои се нејнепријатни за око.
Ела Траволта
Петнаесетгодишната ќерка на актерот Џон Траволта ги наследи сите негови црти. Но, тоа што го прави Траволта привлечен кај жените, неговата широка брада, крупна градба и остри црти, ја спречува Ела да биде типична холивудска убавица, пишуваат американските таблоиди.
Изабела Круз
Посвоената ќерка на Никол Кидман и на Том Круз само што наврши 23 години. Тоа што нејзиниот изглед не е баш како за модел, не ја спречи Изабела да го најде своето место во модниот свет. Таа го пече занаетот како стилист.
Сестрите Вилис
Актерите Брус Вилис и Деми Мур имаат три ќерки, но, за жал, комбинацијата на тоа што ги прави убави нивните родители, не излезе на арно за Талула, Скот и за Румер.
Румер – 27 години
Скот – 24 години
Талула – 22 години
Симон Александра Џонсон
Баш затоа што е ќерка на Карпата (актерот Двејн Џонсон) оваа 14-годишна девојка е прекрупна за нејзините години. Симон Александра речиси го стига во висина својот татко, кој е висок 196 сантиметри и затоа многумина кометираат дека изгледа многу постаро.
Аманда Лукас
Најстарата ќерка на режисерот Џорџ Лукас, Aманда (34), не тргна по стапките на својот татко. Напротив, таа стана професионален борец во ММА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.