Хоан Кањелас го привлече вниманието на ракометната јавност со одлуката да си замине од Кил и својата кариера од следната сезона да ја продолжи во дресот на Вардар. Шпанскиот бек во интервју за каталонскиот весник „Спорт“ говори за мотивите за овој трансфер и за очекувањата од новата средина.
„Има неколку причини, главната е здравјето. Во Германија, напорот е огромен бидејќи има бројни тешки средби во Бундес-лигата, а згора на тоа се игра и Лигата на шампионите. При такво напорно темпо не може да се даде 100%, а јас сум таков човек што секогаш сакам да го давам максимумот, што во овој случај едноставно не е нормално. Затоа, за моето здравје, за мојата кариера, е подобро да заминам во земја со помал број на натпревари, со што ќе можам да играм на повисоко ниво. Следната причина е семејството, ќе станам татко и сакам да бидам тука за мојата партнерка. Во Германија секоја седмица се патува и немав време за најблиските, верувам дека со овој трансфер ќе можам да уживам и во семејниот живот. Уште една важна точка е тренерот Раул Гонзалез, со кого се познавам и знам дека негува игра што ми одговара. По овој период на германски ракомет, приоритет ми беше повторно да работам со шпански тренер. Знам дека Раул е тренер кој ме цени и кога почнаа преговорите со Вардар не се сомневав. Раул Гонзалез е клучот за мојот трансфер во Вардар“ – изјави Кањелас.
Општ впечаток е дека Шпанецот не се снајде најдобро во Кил, но Кањелас вината не ја гледа кај тренерот Гисласон.
– Мислам дека Гисласон во Кил, а и претходно Швалб во Хамбург, сакаа со мене да додадат шпански шарм во германските тимови, повеќе акции на пивот. И двајцата ми укажаа огромна доверба, ми дадоа слобода во играта, но факт е дека требаше останатите петнаесетина ракометари да се адаптираат на мене и на мојот стил. Тоа е невозможно, па на крајот јас се адаптирав на останатите, што е нормално – реален е новиот ракометар на Вардар.
Каталонците прашаа и „Дали се плашиш да заминеш во клуб како Вардар, базиран на финансиската поддршка на само еден човек?
– Мој став е дека треба да се најдеш на вистинско место во вистинско време. Секој клуб има некој што инвестира пари со години, се случува да има или да нема проблеми во одреден период, но ако се најдеш на вистинско место во вистинско време, работите можат да се движат во добра насока. Искрено верувам дека Вардар е во тие добри години – оптимист е Кањелас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
Ракометарките обезбедија пласман во баражот
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката