Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на шест идејни решенија за изградба на објекти со намена за индивидуално домување.
Како што информира Министерството за транспорт и врски, според јавниот повик, се предвидува идејните решенија за типските куќи да бидат со големина од 50м2, 70м2, 90м2, 110м2, 130м2 и 200м2.Јавниот повик трае до 16 март 2016 година.
Откако ќе се изберат идејните решенија, ќе се изработат проекти кои ќе бидат објавени на веб страницата на Министерството за транспорт и врски од каде ќе може бесплатно да се преземат. Со оваа мерка Министерството за транспорт и врски преку обезбедување бесплатен проект за типски куќи, овозможува субвенционирање од 900 до 2500 евра за изградба на куќа.
-Многу е важно што преку оваа мерка се намалуваат и роковите за вадење на одобрение за градење – наведуваат од Министерството за транспорт и врски.
Претходно Министерството за транспорт и врски изработи готови проекти за индивидуални куќи за домување со големина од 60 м2, 80м2, 100м2, 120м2, 150м2 и 180м2. Сите граѓани кои се заинтересирани за готови проекти за типски куќи за индивидуално домување, имаат можност да ги превземат од веб страната на Министерството за транспорт и врски или да ги подигнат директно од просториите на Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.