| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за Денот на вљубените: храна за челична ерекција (фото)

Мажите кои се соочуваат со проблемот за неможност на постигање ерекција, имаат два избори: да се изборат со проблемот користејќи лекови, или по природен пат.

_sp-devojka-jede-bananu

Како што знаете, секогаш подобар избор е природниот пат, па затоа ви предлагаме неколку намирници кои ќе ви овозможат камена ерекција:

Кафе

Овој напиток го буди мозокот, срцето, а со самото тоа и вашиот крвоток, со што му дава енергија на организмот да може да издржи секс.

Остриги

Цинкот и витаминот Б6 се причини поради кои остригите се незаменливи за силна ерекција и одлично либидо. Во случај да не ви се допаѓаат многу остригите, добра замена се и лешниците.

Чили

Чилито ги шири крвните садови и пумпа крв до најмалите крвни садови во вашето тело. Вашиот пенис колку и да е упорен да не се дигне, со малку чили нема шанси да не профункционира.

60475239
Банани

Силна ерекција = силно срце. Бананите се одлични за одржување на нивото на крвниот притисок во граници на нормалата, а дополнително го јакнат и штитат срцевиот мускул од болести во староста. Затоа вклучете банани во вашата секојдневна исхрана.

 

Лосос

За машката потенција и плодност многу се важни омега 3 масните киселини. Тие ќе ја насочат крвта во вистинска насока, а лососот е еден од најбогатите извори со овие киселини.

Свинско

Витаминот Б1 го регулира нормалното функционирање на сите клетки во нервниот систем. Најмногу го има во свинското месо и поради тоа се препорачува за здрава ерекција.

wine

Кромид

Кромидот е одличен за циркулација на крвта и може многу да ви помогне ако имате проблеми со ерекцијата. Секако, ако го јадете пред сексот може и да ви одмогне – лошиот здив нема да возбуди ниедна жена.

Црно вино

Црното и црвеното вино се познати како одлични афродизијаци кои ги шират крвните садови и помагаат крвта да стигне таму каде што треба. Но, ако претерате со количината голема е можноста не само да не се дигне пенисот, туку ни вие… од подот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top