Трите нови тетоважи со кои го прекрила речиси целиот грб би требале да и дадат заштита и здравје.
Четириесетгодишната добитничка на „Оскар“, која во последните три години имаше сериозни здравствени проблеми ја покажа новата тетоважа во Колумбија каде што ја режира својата нова воена драма.
-Тетоважите се мрежа со пирамиди кои би требало да ѝ дадат заштита и здравје – изјавила Анџелина за австралиското издание на магазинот „Воменс деј“.
Анџелина се тетовира уште од тинејџерски денови, а за последните тетоважи се верува дека ги направил уметник од Бангкок, Ајарн Ноо Канпаи. Тој, исто така, ѝ ја правеше тетоважата на рамето и тигарот. Тој за правење тетоважи користи стара метода – со раце, не со машина.
Анџелина има барем 16 тетоважи вклучувајќи го бенгалскиот тигар, римски броеви, крст и цитат од Тенеси Вилијамс.
Нејзиниот најнов филм зборува за камбоџиски писател Лоунг Унг, преживеан во режимот на Пол Пот, диктатор кој со години владеел со помош Црвените Кмери.
Најновата тетоважа на Анџелина:
дел од другите тетоважи на Џоли:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
(Вознемирувачко фото) Докторка од грчките плажи апелира: Никако не смеете да го правите ова
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!