„Винтер бајк ту ворк“ (Winter Bike to Work Day) е годишен настан кој го слави превезувањето со велосипед во зима. Започнал во Канада пред четири години, а изминативе две се одбележува во стотици градови во светот, како и во нашата метропола.
- Треба само да се обврземе дека ќе се превезуваме на велосипед на 12-ти февруари до работа, до училиште, до факултет, каде и да одиме; без оглед дали возиме или не возиме велосипед во зима, без оглед какви ќе бидат временските услови тој ден. Ако веќе возите велосипед во зимa, охрабрете ги пријателите да пробаат, макар на ден. Кажете им дека тоа за првпат го прават и други илјадници луѓе како нив во светот – велат организаторите на настанот.
Сите што сакаат да бидат дел од настанот може да се регистрираат на сајтот:http://winterbiketoworkday.org/commit2016/.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.