| четврток, 6 декември 2018 |

Интернетот се запали: која позната жена е новата љубов на Лијам Нисон (фото)

Лијам Нисон вчера ги запали медиумите и социјалните мрежи кога во интервју за „Ајриш индепендет“ кажа дека е во врска со една „неверојатно позната“ жена, но одбил да открие за кого точно се работи. Твитерџиите, секако, веднаш се фрлија на работа и претпоставки која би можела да биде мистериозната девојка, а засега предничи Кристен Стјуарт.

LijamNison

-Ако ја именувам ќе ја посрамотам, со оглед дека е неверојатно позната. Морам да бидам добар кон неа. Чудно е колку букет од штотуку набрано цвеќе може да го разубави нејзиниот живот – објасни Нисон во интервјуто.

Ваква кавалерска изјава ги запали социјалните мрежи, а фаворит е младата Кристен Стјуарт (25). Имено, за оваа романса се шпекулираше уште од јануари, кога Лијам и Кристен биле заедно во еден ресторан во Њујорк.

dame4_1000x0

Меѓутоа некои од твитерџиите имаат поинакви информации, бидејќи еден тврди дека има „прилично добри извори“ кои веат дека Лијам е во врска со Деми Мур. По неа следуваат Сузан Сарадон, Шарлиз Терон, Шерон Стоун, Хали Бери и речиси сите други актерки од А – листата.

18k1ai4oiejr5jpg

Интересно е дека Лијам  не нагласил дека станува збор за актерка, но поголем број на предлозите се токму од оваа бранша. Сепак еден читател на „Дејли мејл“ предложил дека можеби станува збор за Мадона. Сепак, медиумите велат дека ова е веројатно најмалку можна комбинација затоа што е познато дека Мадона сака помлади мажи.

Madonna-5

На Кристен Стјуарт од друга страна, ниту плот, ниту годините не ѝ се пречка. Таа неодамна раскинала со својата поранешна девојка Алиса Каргајл и сега е слободна ко птица на гранка.

Лијам е сам откако неговата сопруга Наташа Ричардсон во 2009 година трагично го загуби животот. Таа доживеа тешка несреќа на скијање.

lijam-nison-natasa-ricardson-0-660x960

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top