
Јохан Тарчуловски го положил првиот испит на Земјоделскиот факултет, објави „Вест“.
Весникот дознава дека сопругата на Тарчуловски го запишала Јохан на факултет додека ја одржувал затворската казна. Ттој имал доволно време да ги подготви испитите и ја уплатил потребната такса за да полага надвор од сесијата. Тарчуловски се врати во Македонија по издржување на осумгодишна казна затвор по пресуда на Хашкиот трибунал за воени злосторства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


