Актерот Хју Џекмен повторно се бори со рак на кожа.
На неговиот профил на „Инстаграм“, Хју сподели фотографија на која има фластер на носот и напиша:„Ова е пример за тоа што се случува кога не користите крема за заштита од сонцето. Најблаг облик на рак, но сепак, сериозен. Ве молам сите редовно одете на преглед и користете заштитни помади“.
Актерот и тоа како е запознаен со оваа болест. Во 2013 година му се отстранети четири меланоми,од тоа еден од рамото и три од носот. Хју започна и сопствена линија на крема за сончање.
Во една пригода признал дека како тинејџер не користел креми против УВ-зраците, па сега се обидува токму децата да ги предупреди за важноста за користење на помадите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.