| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најопасните комбинации на храна кои ги јадеме секој ден

Постојат многу, малку познати, комбинации на намирници кои сериозно можат да го нарушат здравјето, а ова се убедливо најлошите…

Овошје за време на оброкот или после него

Овошјето во организмот се апсорбира многу брзо, поминува низ стомакот и потоа доаѓа во цревата. Кога овошјето се комбинира со житарки или месо, може да остане премногу долго во организмот и да почне да ферментира. Ова може да им нанесе штета на ѕидовите од цревата.

Животински протеини и скроб

Со варењето на јаглехидрати и животински протеини, се губат нивните позитивни ефекти. Различните ензими за варење се судираат и можат да предизвикаат гасови и надуеност.

Скробасти јагхлени хидрати и домати

Скробестите јаглени хидрати како што се лебот, компирот, грашокот, оризот, гравот и тестенините никако не би требало да се комбинираат со домати, бидејќи тоа може да доведе до проблеми со варењето. Исто така, се верува дека комбинацијата на овие намирници може да доведе до прекумерен замор и после одморот.

Овошје и јогурт

Комбинирањето на овошје и млечни производи може да предизвика секакви проблеми. Млечните производи можат да доведат до проблеми со варењето, да ги блокираат синусите, да поттикнат настинка и да ги влошат симптомите на алергијата. Кога се комбинираат со овошје, симптомите можат да бидат уште полоши.

Корнфлекс и млеко

Ова може да биде шок за многумина, бидејќи станува збор за еден од клучните оброци кои ги конзумираме за појадок, но и двете намирници содржат јаглехидрати кои брзо се варат и поради тоа го ставаат нашето тело под стрес. Комбинацијата на овие намирници исто така може да го зголеми и нивото на шеќер во крвта, па поради тоа ќе бидете уморни кога ќе се вратите во нормала. Ако веќе не можете без оваа комбинација за појадок, обрнете внимание на тоа што би требало да изедете пред одење на спиење.

Хамбургер и помфрит

Храната со голем процент на масти и други хемикалии може да создаде супстанција слична на јаглен. Кога таа ќе се искомбинира со шеќерот во помфритот, доаѓа до создавање на цитокини кои предизвикуваат воспаление во телото и го забрзуваат процесот на стареење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top