По повод денот на виното и на вљубените, в сабота, 13 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена популарната кантата „Кармина бурана“, од германскиот композитор Карл Орф.
„Кармина бурана“ со пораката: „Среќата да биде владетелка со светот“, ја нарекуваат и „кантата на XX век“, а овој пат ќе има специјално режирана концертна изведба. Солисти се: Нада Талевска-Спасовска (сопран), Игор Дурловски (контратенор) и Горан Начевски (баритон). Настапуваат, хорот и оркестарот на МОБ, режија Дејан Прошев, диригент Иван Еминовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


