| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во викендичка во Теново, нема повредени

Материјална штета од околу шест илјади евра претрпел Б.З.(38) од пожарот што изминатата ноќ десетина минути по полноќ избувнал во неговата викендичка во Теново лоцирана во местото Барник, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Пожарот го пријавил братот на сопственикот М.З.(36). Со интервенција на тетовските пожарникари  огнот бил локализиран околу 2 часот и 30 минути.

– Во пожарот и при неговото гаснење нема повредени, а според пријавителот вкупната материјална штета се проценува на 6.000 евра бидејќи целосно изгорел објектот од приземје, кат и мансарда, како и комлетната покуќнина внатре – печка на дрва, две маси, тепих, комода, гарнитура, кревети, столчиња и друго . Во текот на денешниот ден ќе се изврши  увид и ќе се утврдува причината за пожарот и се друго – појасни Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top