| четврток, 6 декември 2018 |

Американците се премислуваат, не одат во Рио поради вирусот зика?!

olimpiski komitet

Вирусот зика може да предизвика големи потреси во спортот откако олимпискиот комитет на САД ги повика своите спортисти серизно да размислат дали сакаат да одат на Олимпијадата во Рио.
Вирусот зеде многу жртви во Јужна Америка последните месеци, а Светската здравствена организација сѐ уште е без лек за него. Комитетот на САД во својот допис до спортистите порачал дека ниеден спортист што не се чувствува сигурно не би требало да оди во Рио.

– Една од работите што ни ги соопштија на состанокот е дека особено треба да внимаваат оние што се бремени или што планираат да забременат. И никој не треба да оди ако не се чувствува сигурно – се вели во соопштението од Олимпискиот комитет на САД.

Од оваа земја за Олимпијадата досега се пласираа 274 спортисти. Без нив, Игрите во Рио де Жанеиро не би биле тоа што се очекува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top