Пет лица, меѓу кои две малолетни деца, се тешко повредени во сообраќајка несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Штип-Велес.
Од полицијата информираат дека 34 годишниот А.И. од Делчево управувајќи „aуди А4“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во несреќата тешко повреден е возачот и четворицата сопатници, неговата сопруга А.И.(30), педесет годишната Д.И. и две малолетни деца, од кои момче родено 2015 година и девојче родено 2014 година.
Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош во општата болница во Велес, сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Според последните информации на МВР, возачот А.И., сопатничката А.И. и двете деца се пуштени на домашно лекување, додека 50 годишната сопатничка е задржана на лекување во Клиничкиот центар.
Полициски екипи изврпиле увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.