Годинава „Матица македонска“ од Скопје одбележува дваесет и пет години од основањето. По повод две и полдецениското успешно опстојување во македонскиот духовен простор оваа куќа ќе реализира низа издавачки проекти и програмски активности во текот на календарската 2016 година.
Од 15 до 29 февруари во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе бидат организирани пладневни средби со истакнати македонски писатели, научници и публицисти. Љубителите на македонската книга ќе имаат можност да се дружат со Стојан Тарапуза, Димитар Пандев, Катица Ќулафкова, Оливера Николова, Весна Мојсова Чепишевска, Раде Силјан, Јован Јоновски, Ристо Стефановски, Витомир Митевски, Братислав Ташковски, Јован Стрезовски, Јусуф Сулејман, Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Трајче Кацаров, Божин Павловски, Борче Панов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Цветан Грозданов, Блаже Миневски, Вера Битракова, Владо Камбовски, Димитар Ќорнаков, Танас Вражиновски, Кристина Николовска…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.