| четврток, 6 декември 2018 |

Расте евроскептицизмот меѓу Грците

­ Евроскептицизмот меѓу Грците почна да расте, тврди грчкиот весник „Катамерини“, нагласувајќи дека ставот на жителите на Грција кон Европа почнал да се менува поради намалената репутација на стариот континент.

grcija1

Според резултатите од анкетата што ги објавува весникот, 46,2 отсто од анкетираните Грци сметаат дека нивната земја била оштетена со членството во ЕУ, кога се во прашање нејзиниот економски напредок и просперитет.

Во предходната анкета, процентот на Грците ­евроскептици што го споделуваат ова мислење изнесувал 28,1 отсто.

Ова значи дека евроскептицизмот постепено почна да се шири во грчкото општеството, што е последица од незадоволството од т.н. умерени партии, кои по правило се европски ориентирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top