Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од шест од 13 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Темпeратурта ќе достигне до 11 степени.
До вторник ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на неколку влажни бранови, кои ќе условат променливо облачно и ветровито време со повремени локални врнежи од дожд.
Повеќе врнежи се очекуваат в среда, особено во западните делови, каде што на планините во вечерните часови врнежите ќе бидат од снег. В среда попладне и в четврток повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.