| четврток, 6 декември 2018 |

Каратистите јуниори се закитија со пет медали од ЕП

juniori

Македонските каратисти се закитија со пет медали, една сребрена и четири бронзени, на Европското првенство за јуниори кое се одржува на Кипар.

Сребрениот медал за македонската селекција го освои Абдурахими Идризи во дисциплината кати, а со бронза се закити и нашиот ката тим. Во дисциплината борби, Моника Пендаровска во категоријата до 53 килограми освои трето место, откако во борбата за бронза славеше против Србинката Александра Вујасиновиќ со 7-0.

И Александар Спасеновски, во категоријата над 73 килограми, стигна до бронзениот медал, во одлучувачкиот натпревар победувајќи го убедливо со 5-0 Берт Алофс од Белгија. Претходно, бронза освои Столе Смилковски, исто така во дисциплината кумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top