Момче од 10 години било хоспитализирано поради повредите кои ги здобило кога еден мигрант од Ирак (20) го силувал во кабина за пресоблекување на базенот „Терезиенбад“ во Виена.
Расплаканото момче го забележало еден спасувач кој веднаш го пријавил случајот во полиција.
Силувачот набргу бил уапсен, а се утврдило дека станува збор за мигрант од Ирак кој во Австрија влегол на 5 септември. Тој работел како таксист. По апсењето, во полиција изјавил дека го силувал момчето поради „вишок на сексуална енергија“ – пишуваат британските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.