Во рамките од третото коло македонскиот шампион во третото коло од Лигата на шампионите во рамките од групата 2 на домашен терен во „Јане Сандански“ стигна до рутинска победа над аутсајдерот, шведската екипа Савехоф од 37-25.
Избраничките на Индира Кастратовиќ имаа проблем со противникот само до 13 минута кога резутатот беше 8-8. Од тој момент на теренот посебно во првиот дел како да постоеше само еднам екипа бидејќи „црвено-црните“ со серија од 11-2 дојдоа до недостижна предност уште по првите 30 минути од 19-10.
Во второто полувреме двете екипи повеќе размилсуваа за нападот и со брзи игри се решаваа да го завршат нападот. Оттука и големиот број голови на натпреварот вкупно 62.
Тренерскиот тандем им даде шанса на сите ракометерки кои ја оправдаа шансата и одиграа квалитетен натпревар.
Во составот на Вардар најефикасни со по шест голови беа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ, додека Јованка Радичевиќ постигна пет.
Кај поразените Ериксон со седум и Петерсон со шест беа единствени светли точки.
По ова коло Вардар се искачи на третото место на табелата со бод зад Будуќност кој има натпревар помалку и еден повеќе од ЦСМ Букурешт кој денеска загуби на гостински терен од Ѓер со 28-22.
Во следното коло вардарки можеби го играат клучниот натпревар за повисоко место на табелата бидејќи му гостуваат на директниот конкурент Букурешт кој во Скопје беше поразен само со еден разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.