Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ) на денешната средба во Амстердам заедно со своите колеги од земјите кандидати разговараа околу бегалската криза, во момент кога се очекува пристигнување на уште поголем број бегалци поради борбите во сирискиот град Алепо.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини изјавила дека затворањето на границите не е решение.
-Мислам дека тоа не е решението. Ние мора да делуваме обединето бидејќи управувањето со приливот на мигрантите и бегалците може сега повеќе да не обедини, отколку разедини- рекла Могерини.
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан рекол дека на национално ниво не може да се постигне решение за бегалската криза.
-Нема национално решение за бегалската криза. Тоа ќе предизвика домино ефект. Мораме да избегнеме состојба во која земјите кандидати на западен Балкан ќе станат некој вид на паркинг простор за мигрантите- рекол Хан, додавајќи дека Европа секогаш ќе има проблем, доколку не ги заштити своите надворешни граници.
Хан ја потсетил Турција на нејзината задача во рамките на меѓународното право, а тоа е да ги прифати илјадниците сириски бегалци блокирани на нејзината граица, по бегството поради офранзивата на режимската војска, поддржана од руското воздухопловство.
-Женевската конвенција која одредува дека мора да прифатат бегалците е се уште на сила- изјавил Хан.
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто рекол дека надворешната граница мора да се брани на југ, а доколку Грција тоа не сака или не може да го направи, тогаш треба Унијата да се сврти кон Македонија и Бугарија.
-Мислам дека на јужната граница нема одбрана, границата не е заштитена. Доколку Грција не е подготвена или не може да ја контролира шенгенската граница и не прифаќа никаква помош од ЕУ, тогаш на нас ни е потребна нова одбрамбена линија, а тоа очигледно се Македонија и Бугарија- рекол Сијарто.
На состанокот во Амстердам учествуваа и министрите од земјите кандидати Турција, Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!