| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да има избори во Грција

olga gerovasiliПортпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили, денеска ги демантира се почестите шпекулации дека во скоро време во земјата се можни нови предвремени парламентарни избори.

– Не е актуелно прашањето за евентуална нова коалиција или за нови избори- кажа Олга Геровасили во интервју за грчкиот весник „Епендиси“.

Таа појасни дека сегашната влада пред извесно време го добила мандатот од избирачите и дека успешно го исполнува договорот со меѓународните кредитори на земјата за спроведување на неопходните реформи.

Кревкото мнозинство од само три гласа во грчкиот Парламент и притисокот на кредиторите за поголемо намалување на пензиите ги засилија шпекулациите во земјата дека Владата нема да се задржи на власт и дека премиерот Алексис Ципрас може повторно да ги повика граѓаните пред гласачките кутии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top