| четврток, 6 декември 2018 |

Вања Лазарова не остана рамнодушна на концертот на ансамбл „Македонија“ (фото)

Доајенот на македонската народна музика Вања Лазарова не остана рамнодушна на концертот кој ансамблот „Македонија“ го приреди во Домот за стари лица каде што живее Лазарова последните години.

– Во Домот за стари лица „Милица“ каде што престојува Лазарова, имавме особена чест да запееме и заиграме со Лазарова, а воедно и се заблагодаривме за целиот музички материјал што таа го остави како музичко наследство, од кој младите генерации имаат можност да истражуваат, анализираат и презентираат – велат од Ансамбл „Македонија“.

cb2bfd23-965d-4148-854c-7831e42cfa2c

Ансамбл „Македонија“ од Скопје во јануари и февруари 2016 година направија хуманитарна мисија посветена на старите лица, со што ја започнаа новата годишна актива, посетувајќи повеќе Домови и здруженија за стари лица.

ec831fd9-e93b-43ab-8eaa-32ce214a8ad9

Дел од уметниците на овој млад и реномиран ансамбл понудија чалгиски песни и ора од градските центри Велес, Скопје, Битола, Охрид, Тетово и Крушево од крајот на 19 и поч. на 20 век. Во овој период уметниците ги стоплија срцата на повозрасната публика од повеќе институции како Домот за стари лица „Руски“ во населба Ченто,  Домот за стари лица „Елисавета“ во Карпош 4,  Домот за стари лица „Мајка Тереза“, Злокуќани, Домот за стари лица „Вита – Ве“, Радишани.

f8a97290-6b1c-4d87-884a-dc42aaebae35

Во февруари уметниците ја продолжија својата хумана мисија. Првиот концерт од вториот квартал го реализирааа во Актив на жени пензионерки „Солидарност“ Аеродром, потоа следеше и Хотел Идила Терзиева во Скопје, а со настапот во Домот за стари лица „Милица“ Ансамбл „Македонија“ ги заврши концертните активности наменети за повозрасната публика.

– Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на сите Институции со кои Ансамблот можеше да соработува, да ја истакнеме нивната професионалност и грижа која секојдневно ја подаруваат на луѓето на кои во овие години им е најпотребна. Воедно сите уметници од Ансамблот Македонија сакаат да и се заблагодарат на оваа верна публика и би сакале да ви кажеме дека сме благодарни за сите аплаузи, насмевки и солзи кои ги споделија со нас. Горди сме што успеавме да им го разубавиме нивното секојдневие, со надеж дека повторно ќе имаме можност да ги направиме среќни и задоволни – велат од ансамблот.

8a7826e1-112f-40f9-af7e-705407ea455e

 

Во наредниот период Ансамбл Македонија продолжува со настап во НОВА, концерт по повод празникот св.Трифун во Демир Капија, концерт во Музеј на ВМРО, посветен на пријателите на Ансамбл Македонија како и промоција на новите носии и сценски адаптации од с.Кучково (Скопски Дервен) и с.Мелница (Азот- Македонци муслимани).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top